Симпсонови“ е една од највлијателните анимирани ТВ-емисии во историјата и до ден-денес ја носи титулата најдолготрајна цртана серија во американската историја. Но, нејзините најдобри денови можеби се во минатото.
Така е барем според многу гласниот дел од базата на обожаватели…
Сепак, серијата продолжува да се движи напред и моментално е во својата 36. сезона, а следната сезона се очекува да излезе подоцна оваа година. Создавачот Мет Гронинг одговорил на едно постојано поставувано прашање за време на неговото појавување на „Комик-кон“ во Сан Диего.
Тој објаснил кога ќе ја заврши серијата, а неговите одговори не биле добро прифатени на социјалните медиуми. Рекол дека во моментов серијата ќе продолжи и додал дека искрено мислел дека со сезоната 36 ќе ја завршат серијата.
