Хомосапиенс е најуспешниот цицач во историјата на Земјата и тоа без конкуренција. Луѓето опстојуваат на речиси секој континент, во различни и често сурови услови, и го надминуваат второпласираниот, стаорецот, за најмалку милијарда. Сепак, ново истражување сугерира дека човечката популација можеби е многу погрешно претставена.
Иако глобалната бројка на население се проценува на околу 8,2 милијарди, Жосијас Ланг-Ритер, постдокторски истражувач од Универзитетот „Аалто“ во Финска и главен автор на истражувањето објавенo во списанието „Нејчр комјуникејшнс“, тврди дека овие процени можат значително да ги потценуваат руралните подрачја.
– Бевме изненадени од тоа колку всушност населението што живее во селските области е поголемо отколку што покажуваат глобалните податоци, зависно од базата на податоци, руралното население било потценето меѓу 53 и 84 отсто во испитуваниот период. Овие резултати се зачудувачки бидејќи овие бази на податоци се користени во илјадници студии и се основа за носење одлуки, но нивната прецизност никогаш не била систематски оценета – вели Ланг-Ритер.