Молекулите можат да „запомнат“ и да придонесат за доживотните сеќавања

Истражувачите открија дека јонскиот канал во невроните на мозокот има еден вид „молекуларна меморија“ што придонесува за формирање и зачувување на доживотните сеќавања. Кон тоа би можеле да бидат насочени нови лекови за одредени генетски болести. Студијата била предводена од Универзитетот „Линкопинг“ во Шведска.

Супермоќ на мозокот е неговата способност да учи од минатите искуства и да формира сеќавања. Овие витални процеси зависат од преобликувањето на врските меѓу невроните во мозокот. Нервните споеви, наречени синапси, се зајакнуваат или ослабуваат во текот на животот на таков начин што мозокот, во одредена смисла, постојано се преобликува на клеточно ниво. Овој феномен се нарекува синаптичка пластичност.
Постојат неколку процеси што придонесуваат за синаптичката пластичност во нервниот систем. Еден од овие процеси има врска со калциумовите јонски канали, кои долго време се од интерес за истражувачите на Универзитетот „Линкопинг“.

Слични Написи