Период е на летни горештини, а со тоа и време за гледање филмови во климатизиран простор, нели? Третата и последна сезона од серијата „Игра со лигни“, најгледаниот оригинален проект на „Нетфликс“ на сите времиња, ќе ја заврши приказната овој петок, 27 јуни. Глобалната публика со нетрпение го очекува исходот.
Без разлика каде живеете, ќе можете да почнете со гледање на серијата токму на 28 јуни. Поради различните временски зони, точното време на објавување ќе варира од земја до земја.
За да дознаете кога можете да почнете со гледање, подолу е распоредот за клучните региони. Нашата земја не е на листата, па ориентирајте се според централноевропското време.
САД – 12:00 PT / 3:00 ET
Канада – 12:00 PT / 3:00 ET
Бразил – 4:00 BRT
Обединето Кралство – 8:00 BST
Централноевропско време – 9:00 CET
Индија – 12:30 IST