Многу посетители се шокирале кога во поранешната катедрала „Санто Стефано“ на италијанскиот остров Капри, на неделната вечерна миса, почнал да пее познатиот оперски пејач Андреа Бочели. Познатиот тенор е на одмор на островот и самиот изразил желба да запее, пишува италијанска „Ла Република“.
Во продолжение можете да ја погледнете интерпретацијата на Бочели на „Аве Марија“ од Франц Шуберт.
Извор: La Repubblica
Насловна фотографија: Instagram (screenshot)