Младите актери Доминик Меклафлин, Арабела Стентон и Аластер Стаут ќе ги играат главните ликови во серијата за Хари Потер на Ејч-би-о.
-По извонредно пребарување предводено од директорите за кастинг Луси Беван и Емили Брокман, со задоволство објавуваме дека ги пронајдовме нашите Хари, Хермиона и Рон. Талентот на овие тројца уникатни актери е навистина неверојатен и едвај чекаме светот да биде сведок на нивната магија на екранот. Би сакале да им се заблагодариме на десетиците илјади деца што се пријавија на аудиција. Беше вистинско задоволство да се открие толку голем број на млади таленти – изјавија Франческа Гардинер, извршен продуцент, и Марк Мајлод, режисер на неколку епизоди и продуцент.
Ова е веста што обожавателите на волшебничката заедница ја чекаа бидејќи неодамна беше објавен остатокот од екипата. Значи, Џон Литгоу, шесткратен добитник на „Еми“, двапати добитник на „Тони“, ќе го игра Албус Дамблдор, додека добитничката на наградата „Еми“, Џенет Мектир, ќе ја игра Минерва Мекгонагал. Ќе им се придружи Папа Есиеду како Северус Снејп, додека Ник Фрост ќе биде Рубеус Хагрид.
