Ова е најхумористичната земја во светот, според научниците

Во светот на хуморот, различните култури имаат свои начини на шега, но едно научно истражување се обиде да утврди која нација објективно се смета за најсмешна. Според резултатите, највисоко котира Чешка, додека во првите десет се најдоа и неочекувани земји како Португалија, Чиле и Грција.

Иако смислата за хумор е субјективна и варира од човек до човек, истражувачите од компанијата „Ремитли“ одлучија научно да му пристапат на хуморот. Тие спроведоа анкета со над 6.000 учесници од 30 различни земји користејќи го прашалникот наречен „Стилови на хумор“, кој ги мери четирите главни стилови на хумор: хумор за зближување – пријателско шегување што поврзува луѓе; хумор за поддршка на себеси – смеење низ болка или тешки моменти; агресивен хумор – потсмевање или „пецкање“ на другите и самопонижувачки хумор – правење шеги на своја сметка.

Колку повисок резултат имала една земја во сите овие категории, толку повеќе била сметана за „смешна“ во очите на светот.

Слични Написи