Африка полека се разделува, ќе се појави нов океан

Ритмичкото пулсирање под копно во Источна Африка полека ја дели континенталната плоча, но вистинските ефекти ќе се почувствуваат дури по милиони години. Конечниот резултат? Нов океански басен.

Истражувачки тим анализирал над 130 примероци од млади вулкани во еден необичен геолошки предел под Етиопија, во рамките на истражување објавено на 25 јуни во „Нејчр џиосајнс“.

Афарската раседна зона е едно од ретките места на Земјата каде што се среќаваат три тектонски раседни појаси: главниот етиописки, Црвеното Море и Аденскиот Залив. Се претпоставува дека под оваа точка се крева лава која потекнува од мантијата (слојот во едно планетарно тело сместен над јадрото и под кората). Имено, од овие зони се очекува плочите да се издолжуваат и на крајот да се распарчат, отворајќи простор за нова океанска платформа на површината. Истражувачите потоа ги комбинирале анализите на примероците со постојните податоци и напредните статистички модели за да ја испитаат динамиката на кората и мантијата во областа. Како што се претпоставувало, афарската мантија не е еднобразна, ниту статична.

Слични Написи